Житово
Житово или Ситово (грчки: Σιταράς, Ситарас; до 1927 г. Σίτοβο, Ситово[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2011). Географија и местоположбаСелото е сместено на северното подножје на планината Хасија, оддалечено околу 20 км јужно од градот Гребен, на надморска височина од 745 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Житово било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Житово живееле 230 Грци.[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ситово се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 45 куќи.[5] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Житово живееле 140 Грци христијани.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 178 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 160.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Ситарас (Σιταράς). СтопанствоНаселението претежно произведува жито, а делумно се занимава и со сточарство.[3] НаселениеВо пописот од 1913 година, селото било забележано со 178 жители, во 1920 година со 160 жители, во 1928 година со 176, во 1940 година со 207, во 1951 година со 195, во 1961 година со 186, во 1971 година со 117, во 1981 година со 101, а во 1991 година со 63 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 24 квадратни километри.[3] Општината Житово била приклучена во општината Горѓани во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен. Селото припаѓа на општинската единица Горѓани со седиште во селото Кипурѓо, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Житово, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитостиЦркви
Параклиси
ЛичностиРодени во Житово
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia