Периволи
Периволи (грчки: Περιβόλι; влашки: Perivoli) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 21 жител (2011), сочинето од Власи.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа околу 30 км југозападно од градот Гребен, на планината Лигос, дел од венецот Пинд, на надморска височина од 1.280 м. Периволи е сместено на 7 км јужно од Авдела, крај изворите на една од притоките на реката Венетик.[2] Јужниот дел на селскиот атар припаѓа на националниот парк „Пинд“. ИсторијаВо Отоманското Царство![]() Главната знаменитост во селото е црквата „Св. Никола“, сместена надвор од селото крај патот што води за Гребен.[3] Црквата „Св. Ѓорѓи“ е од XVIII век.[4] Во XIX век Периволи било големо влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Периволи живееле 1.800 Власи.[5] Според грчка статистика од 1904 година во Периволи живеат 850 влахофони, од кои 85 се „Романци“.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Периволион (Периволја) се води како чисто влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 300 куќи.[7] До 1912 година, четата на андартскиот капетан Јорко Чокардани дејствувала во селото.[8] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.354 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 21. Тоа се должи на фактот што пописот во таа година е извршен во декември, кога речиси сите семејства од селото се наоѓале на зимување во Тесалиското Поле.[2] Селото тешко настрадало за време на Граѓанската и Втората светска војна.[2] СтопанствоНаселението традиционално се занимава со сточарство.[2] НаселениеПо Граѓанската војна селото практично се испразнило и не почнало да се населува во поголема мера сè до 1980-тите. Оттогаш, населението бележи пораст и повторен пад. Во пописот од 1951 година, селото било забележано со 26 жители, во 1961 година со 15, во 1971 година со 5, во 1981 година со 165, а во 1991 година со 312 жители.[2] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 137 квадратни километри. Општината Периволи била приклучена во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.[2] Селото припаѓа на општинската единица Периволи со седиште во истоименото селото, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Периволи, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитостиЦркви
Личности![]() Родени во Периволи
По потекло од Периволи
ИселеништвоНајголем дел од жителите на селото се имаат преселено во поголемите градови во Грција, но тие исто така се преселиле низ цел свет, особено во САД и Европа, каде што се занимаваат со трговија и со доходни занаети. Тие имаат свои друштва преку кои ја одржуваат традицијата на своите предци.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia