Насинокос
Насинокос (грчки: Νησί, до 1927 година: Νασινίκος, Насиникос[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои жители Географија и местоположбаСелото се наоѓа на триесетина километри југоисточно од градот Гребен, од левата страна на реката Бистрица. ИсторијаЗа време на Османлиското ЦарствоКон крајот на XIX век Насинокос е претежно муслиманско грчко село во нахијата Венци на Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година Насинокос е целосно муслиманско село со 300 валахади (грчки муслимани).[3] Според грчката атинска статистика од 1910 година во Насинокос живееле 140 муслимани и 23 Грци христијани.[4] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Насинокос станува дел на Кралството Грција. Според пописот од 1920 година Насинокос е целосно муслиманско грчко село со 63 семејства и 200 жители.[5] Во средината на 1920-те години согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се доселени понтиски Грци бегалци од Турција. Со пописот од 1928 година селото е попишано како целосно бегалско со 63 семејства и181 жител.[6] Во 1927 година името на селото е сменето во Ниси. ДемографијаНеговото население до 1913 веројатно го сочинувале Грци муслимани. К’нчов воопшто не го спомнува. Во пописот од 1913 година евидентирани се 188 жители, а во 1920 година 199 жители. По присилното иселува на Грците муслимани во 1923 година по сила на Лозанската конвенција, во селото биле доселени 63 бегалски семејства со 182 жители колку што броело селото на пописот во 1928 година[7]. ПописиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението во селото произведува жито, тутун, градинарски производи, овошје и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство. Дел од обработливата површина се наводнува од реката Бистрица. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia