Балтино
Балтино или Болтино (грчки: Καλλιθέα, Калитеја; до 1927 г. Μπάλτινον, Балтинон[2], 1927-1961 г. Καταφύγιον, Катафигион[3]) — село во Гребенско, југозападна Егејска Македонија, денес во општината Гребен на областа Западна Македонија, Грција, крај границата со Тесалија. Според пописот од 2011 г. Населението брои 122 жители, во кои се вбројани и жителите на с. Бозово (Прионија) кое се води како дел од една месна заедница. Балтино е најјужно населено место во цела Македонија.[4] ГеографијаСелото се наоѓа на јужната граница на Македонија, недалеку од тромеѓата што ги дели Македонија на север, Тесалија на југ и Епир на запад. Атарот на селото на југ и југозапад се граничи со тесалиската општина Каламбака. Сместено е на околу 40 км јужно од градот Гребен, во северните делови на планината Хасија, која е дел од венецот Пинд. ИсторијаОсманлиско времеСе смета дека на сегашното место Балтино е основано околу 1770 г. од 11 влашки семејства. Во 1881-1912 напосредно на југ од селото поминувала границата меѓу Османлиското Царство и Кралството Грција. Тогаш Балтино е влашко христијанско село на јужниот крај на Гребенската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Болтино живеат 100 Власи.[5] Според грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. Μπάλτινο има 178 влахојазични жители, од кои ниеден не е пороманчен.[6] Во ГрцијаВо Балканската војна во 1912 г. селото го окупираат грчки единици, а по Втората балканска војна во 1913 година Балтино влегува во состав на Грција. Во 1923 г. во селото биле сместени грчки бегалски семејства од Мала Азија, со вкупно 43 луѓе.[4] Во 1927 г. името му е сменето во Катафигион, а во 1961 г. го добива денешниот назив Калитеја. ПописиСтопанствоВо селото се застапени разновидни земјоделски гранки, со особен нагласок на краварството.[4] КултураДенес селскиот собор се приредува на 26 јули за Света Петка. ЗнаменитостиГлавна селска црква е „Свети Никола“. Недалеку од селото се и параклисите „Света Троица“ и „Света Петка“. Литература
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia