Залово
Залово (грчки: Τρίκωμο, Трикомо; до 1927 г. Ζάλοβο, Залово[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 116 жители (2011). Географија и местоположбаСелото е оддалечено околу 15 км југозападно од градот Гребен, во близина на реката Венетик, на нејзината лева страна, на надморска височина од 780 м.[3] Во непосредна близина на селото се сместени Заловски и Азиз-агин мост. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоЦрквата Св. Атанасиј е изградена во 1861 година.[4] Во XIX век Залово било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Залово живееле 300 Грци.[5] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Залово живееле 375 Грци христијани.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 568 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 478.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Трикомо (Τρίκωμο). СтопанствоНаселението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[3] НаселениеВо пописот од 1913 година, селото било забележано со 568 жители, во 1920 година со 478 жители, во 1928 година со 634, во 1940 година со 651, во 1951 година со 461, во 1961 година со 416, во 1971 година со 237, во 1981 година со 202, а во 1991 година со 361 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Теодорос Зјакас со седиште во селото Мавран, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Залово, во кој влегува и селото Рјахово. Културни и природни знаменитостиЦркви
Мостови
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia