Раци
Раци (грчки: Αγάπη, до 1927 година Ράτσι, Раци[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 26 жители. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на околу 20 километри источно од градот Гребен, од левата страна на реката Бистрица, близу до местото каде реката Венетик се влева во неа. Од Калоки е оддалечено 4 километри. ИсторијаЗа време на Османлиското ЦарствоСе претпоставува дека селото било дел од големиот чифлиг Венци. Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Насинокос станува дел на Кралството Грција. Во средината на 1920-те години согласно Лозанскиот договор е формирано селото Раци од доселени понтиски Грци бегалци од Турција. Со пописот од 1928 година селото е попишано како целосно бегалско со 7 семејства и 25 жители.[3] Во 1927 година името на селото е сменето во Агапи (во превод Љубов). ДемографијаПописиСелото е обновено во 1923 година со населување на бегалски семејства од Турција со вкупно 43 жители, колку што селото броело на пописот во 1928 година.[4] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението во селото претежно се занимавало со сточарство и сточарски производи. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia