Лунци
Лунци или Лунч (грчки: Καλλονή, Калони; до 1927 г. Λούντσι, Лунци[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 6 жители (2011). Географија и местоположбаСелото е оддалечено околу 20 км северозападно од градот Гребен, на надморска височина од 1.020 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоЦрквата „Св. Никола“ е изградена во 1864 година.[4] Во XIX век Лунци било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Лунци живееле 180 Грци.[5] Според грчката атинска статистика од 1910 година во Лунцион (Λούντσον) живееле 500 Грци христијани.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 503 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 391.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Калони (Καλλονή). СтопанствоНаселението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава со сточарството и шумарството.[3] НаселениеВо пописот од 1913 година, селото било забележано со 503 жители, во 1920 година со 391 жител, во 1928 година со 489, а во 1940 година со 431, во 1951 година со 152 жители, во 1961 година со 95, во 1971 година со 65, во 1981 година со 239, а во 1991 година со 208 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 7 квадратни километри.[3] Општината Лунци била приклучена во општината Чирак во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен. Селото припаѓа на општинската единица Чирак со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лунци, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитостиЦркви
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia