Палеокоприја
Палеокоприја (грчки: Δασάκι, Дасаки; до 1950 г. Παλαιοκόπρια, Палеокоприја[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 11 жители (2011). Географија и местоположбаСелото е сместено на надморска височина од 775 м, околу 15 км северозападно од градот Гребен.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Палеокоприја било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Палеокапра се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 13 куќи.[4] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Палеокоприја живееле 75 Грци.[5] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Палеокоприја живееле 60 Грци христијани.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 37 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 40.[3] Во 1950 година, името на селото било променето во Дасаки (Δασάκι). СтопанствоНаселението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3] НаселениеВо пописот од 1913 година, селото било забележано со 37 жители, во 1920 година со 40 жители, во 1928 година со 59, во 1940 година со 86, во 1951 година со 48, во 1961 година со 48, во 1971 година со 22, во 1981 година со 35, а во 1991 година со 32 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Ираклеотес со седиште во селото Чурхли, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Стихази, во кој влегува и селото Стихази. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia