Елевтеро Просфигон
Елевтеро Просфигон (грчки: Ελεύθερο Προσφύγων - „Бегалско Конско“) — село во Грција, општина Гребен, област Западна Македонија со 188 жители (2001). ГеографијаДесетина километри северно од Гребен и еден километар источно од старото село Коскон по Граѓанската војна е изградена нова населба во која се сместени бегалските семејства населени во Коскон во 1923 година.[2] ИсторијаПодигнато е поради тоа што селото Конско (Елевтеро) настрадало во времето на Граѓанската војна, така што по нормализирањето на ситуацијата, по барање на бившите бегалци, била подигната нова населба кон чие име е додаден зборот „Просфигон“, што значи „на бегалците“. Оваа населба првпат е регистрирана во пописот од 1961 година со 359 жители, но поради сѐ помасовното иселување во поголемите градови во пописот од 1971 година е евидентирано само со 189, а во 1981 година со 171 жител. Селото доживува преродба во наредните години, така што во пописот од 1991 година е евидентирано со 331 жител. Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[3] ПописиНаводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia