Владимир (кована пара)За други значења на поимот, погл. Владимир (појаснување).
ОписЛицеНа лицето од парата е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан Грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[2] ОпачинаНа опачината, во средишниот дел од монетата е прикажана слика на свети Владимир - Владимир I, Великиот кнез на Киев и на цела Русија, истакнат политички владетел, кој го прифатил христијанството во 998 година и ја христијанизирал Киевска Русија. На долниот дел од монетата е прикажана црквата на кнезот Владимир во Лужники (Москва) во близина на реката Москва. На левата страна е прикажан замок - симболот на Свети Владимир. Замокот е одделен од својот одраз во водата со името „Владимир“ напишано на македонски јазик. На десната страна е вметнат кристал „сваровски“, кој наликува на зелен јаспис (среќниот камен на св. Владимир), како и натписите: „Ден на Ангел“ (на македонски јазик) и ознаката „Аg 925“.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia