Димитар (кована пара)
ОписЛицеНа лицето од парата е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од лицето на монетата е прикажан Грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[1] ОпачинаНа опачината, во средината на кованата пара е прикажан ликот на Димитриј Донски, Кнез на Москва (од 1359 година) и Велики кнез на Владимир (1363-1389). Неговиот прекар Донски (според реката Дон) потекнува од неговата победа против Татарите во Битката кај Куликово (1380), која се водела по течението на реката Дон. Во долниот дел на кованата пара е прикажана црквата Димитриј Донски во Тјумењ, Сибир, Русија. На десната страна е прикажан цветот хризантема - симболот на името Димитар. На левата страна е вметнат кристал „сваровски“, кој наликува на лапис лазули - среќниот камен на Димитар. На позадината ги има натписите: „Димитар“ (на македонски и руски јазик), „Ден на Ангел“ (на македонски јазик) и ознаката „Ag 925“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia