Вештачка интелигенција (кована пара)
ОписЛицеНа лицето, во средишниот дел на монетата има слика на дигитален уред за оптичко препознавање со вградени сетилници на мрежницата и информациски канали коешто се оддалечуваат во облик на мрежа со контактни јазли. Во горниот дел е претставен Грбот на Македонија, додека долж периметарот е испишан натписот „Република Северна Македонија“. Во долниот дел се испишани натписи за апоенот — „100 денари“ — и годината на издавање — „2019“. Сите натписи се на англиски јазик.[1] ОпачинаНа опачината, во средишниот дел е направен приказ на вештачка интелигенција преку кристал и струјно коло во вид на човечки мозок од кој се шири мрежа на сензори коишто го опкружуваат светот. Во горниот дел има слика на ракување како симбол на тесната соработка на човештвото со вештачката интелигенција, а во горниот лев дел е испишана ознаката „Ag925“. Долж периметарот е испишан натписот „Вештачка интелигенција“ на англиски јазик.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia