Мајка Тереза (кована пара)
ОписЛицеНа лицето, во средишниот дел на монетата е претставен Грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1] ЗаднинаНа позадината, во средишниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во облик на крстови и срца. Во долниот дел, од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски исусовски монах. На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“ (годините на раѓање и на умирање на Мајка Тереза) и „2016“ (годината на нејзината канонизација). Исто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (Света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза на македонски и на албански јазик.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia