Јарец (кована пара од 2018 година)
ОписЛицеНа лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Јарец. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1] ОпачинаНа опачината, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас Firmamentum Sobiescianum, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Јарец на вметнато кобалтно стакленце и симболот на хороскопскиот знак Јарец во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на козорог (наречен и дивокоза) на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак - CAPRICORNUS, а на десната страна ознаката „Ag925“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia