Бик (кована пара од 2018 година)За други значења на поимот, погл. Бик (појаснување).
ОписЛицеНа лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Бик. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1] ОпачинаВо горниот дел од опачината е претставена слика на бик од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од страна на Јоханес Хевелиј на крајот од 17 век. Сликата на бикот и неговото соѕвездие се претставени и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел исто така е претставен симболот на хороскопскиот знак Бик. Во долниот дел е претставена глава на златен бик врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – „TAURUS“, а на левата страна ознаката „Ag925“.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia