Свети Никола Чудотворец (кована пара од 2016 година)
ОписЛицеНа лицето, во горниот дел од монетата се прикажани Грбот на Република Македонија, натписот „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање - „2016“. Во средишниот дел на монетата, од лево е претставена слика на базиликата „Св. Никола“ во Бари, Италија. Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската православна црква „Св. Никола“ во Бари. Од десно се статуата на Свети Никола во катедралата „Св. Исак“ во Санкт Петербург, ознаката „Ag925“, како и масата на монетата „31.1 г“. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.[1] ОпачинаНа опачината, во средишниот дел од монетата е претставен гравиран и насликан портрет на Свети Никола Чудотворец врз основа на иконата во црквата „Св. Серафим Саровски“ во Санкт Петербург. Под портретот стои натписот: „Свети Никола Чудотворец“ (на руски јазик).[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia