Руски лавиринт (кована пара)
ОписЛицеНа лицето, во средината на кованата пара се претставени Грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1] ОпачинаНа опачината, во средишниот дел е прикажан лавиринтот кој се наоѓа во Долната градина во Петровиот дворец (Петерхоф) во Русија со фонтана во средината и Петровиот дворец во позадина. На двете страни од лавиринтот се претставени портрети. На левата страна е прикажана статуа на Петар Велики – творец на лавиринтот во Петровиот дворец, а на десната страна - статуа на Ана Ивановна, која ја продолжила работата на Петар Велики. Во средишниот дел на кованата пара се наоѓа натписот „RUSSIAN LABYRINTH“. Исто така, прикажани се натписите: „Peter the Great“ и „Anna Ioannovna“ (околу кованата пара, по должината на периметарот) и ознаката „Ag925“ во долниот дел од кованата пара.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia