Свети Сергиј Радонежски (кована пара)

Свети Сергиј Радонежски
Лице
Опачина
Поединости
Серија Православни светци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 7,0 г
Димензии 17 х 24 мм
Облик правоаголен
Раб мазен
Издадена 2018
Цена 1.500 ден.


Свети Сергиј Радонежскикована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Опис

Лице

На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија, а под него годината на издавање „2018“. Во горниот дел на македонски е испишана деноминацијата „10 денари“, додека во долниот дел исто така на макеедонски јазик името на земјата која ја издава кованата пара „Република Македонија“. На обете страни од монетата долж вертикалните рабови има цветен украс.[1]

Опачина

На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажан ликот на Сергиј Радонежски со испечатен златен ореол и украс во позадина. Над ликот на светецот се поставени два црвени кристали Сваровски. Долж вертикалните рабови е испишано името на светецот кој е прикажан на парата, а во долниот десен агол е испишана ознаката „Аg 925“.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели „Св. Сергиј Радонежски". Посетено на 6 септември 2018.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya