Деловен успех и среќа (кована пара)
ОписЛицеНа лицето, во средишниот дел на монетата е вметнато стакленце со отпечатена карта на западната полутопка и скиптарот на богот Меркур коишто се претставени на основата на златно дрвено тркало. Долж периметарот е наведено името на издавачот — „Република Северна Македонија“. Во горниот дел од лицето се наоѓа Грбот на Македонија и годината на издавање на монетата — „2019“ — и апоенот „100 денари“. Сите натписи се на англиски јазик.[1] ОпачинаНа опачината, во средишниот дел е вметнато стакленце со отпечатена карта на источната полутопка, а над стакленцето се претставени слики од ракување, старовремска локомотива и брод. Во левиот дел е прикажан богот Меркур со скиптарот, а во десниот дел има слика на божицата Фортуна Августа со рог на изобилството во левата рака. Под стакленцето има сидро и два запченика, а над нив се наоѓа натписот „Ag925“. Во долниот дел е испишан натписот „Деловен успех и среќа“ на англиски јазик.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia