Скорпија (кована пара од 2018 година)

Скорпија
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 23,30 г
Димензии 37 x 37 мм
Облик квадратен
Издадена 2018
Цена 2.800 ден.


Скорпијакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Опис

Лице

На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Скорпија. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]

Опачина

Во горниот дел од опачината е претставена слика на скорпија од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од страна на Јоханес Хевелиј на крајот од 17 век. Сликата на хороскопскиот знак Скорпија и нејзиното соѕвездие е претставена и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел исто така е претставен симболот на хороскопскиот знак Скорпија. Во долниот дел е претставена златна слика на скорпија на позадина од цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – „SCORPIUS“ и ознаката „Ag925“.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели „Скорпија". Посетено на 13 март 2018.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya