Владимирска (кована пара)
ОписЛицеНа лиецто од парата, во средишниот дел е претставен приказ од Благовештението, врз основа на фреска од црквата „Св. Ѓорѓи“ којашто се наоѓа во селото Старо Нагоричане (1313-1318). Во горниот дел е прикажано името на издавачот на монетата - Република Македонија (на македонски јазик) и Грбот на Република Македонија. Под грбот е прикажана годината на издавање на монетата – „2016“. Во долниот дел од лицето е прикажана номиналната вредност – „100 денари“ и ознаката „Ag925“, како и масата на монетата – „31,1 г“.[1] ОпачинаНа опачината од парата, во средишниот дел е прикажан портрет на Пресвета Богородица Владимирска, врз основа на делата на Строгановската школа за иконопис (Русија, крај на XVI век). Украсите околу средишната слика, огледалната основа, ѕвездите на облеката и ореолите на Богородица и на детето Исус се позлатени. На долниот дел од монетата е претставен натписот „Владимирска“ на македонски јазик.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia