Наталија (кована пара)

Наталија
Лице
Опачина
Поединости
Серија Ден на Ангел
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 28,28 г
Димензии 30 x 50 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 3.500 ден.


Наталијакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.

Опис

Лице

На лицето од парата е прикажан ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел на лицето на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажни натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[1]

Опачина

На опачината од парата, во средишниот дел од монетата е претставена слика на Света Наталија од Никомедија, ранохристијанска маченичка, сопруга на маченикот Адријан Никомедијски. На долниот дел е прикажана црквата на светиот маченик Адријан и преподобна Наталија, која се наоѓа на бреговите на реката Кама во Русија. На десната страна е прикажано семејство ежови, симбол на името на Наталија. На левата страна е вметнат црвен кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Наталија (хелиотроп - крвав камен). На десната страна е напишано името „Наталија“ (на македонски и на руски јазик), а на левата страна се прикажни натписите: „Ден на Ангел“ (на македонски) и ознаката „Аg 925“.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „НАТАЛИЈА". Посетено на 8 јануари 2018.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya