Кирил и Методиј - 100 денари (кована пара)За други значења на поимот, погл. Кирил и Методиј (појаснување).
ОписЛицеВо средината на лицето од парата е претставен манастирот „Свети Наум“ во Охрид, а над него седум светци, и тоа светите Кирил и Методиј заедно со нивните пет ученици, а исто така помеѓу нив се ставени натписи „Ag 925“ претставувајќи го видот на металот со кој е изработена парата и „31.1 g“, тежината на парата. Во горниот дел од левата страна е прикажан апоенот кој е во износ од 100 денари и е претставена годината на издавање, 2014, додека на десната страна стои Грбот на Република Македонија. Во долниот дел со кирилично писмо на македонски јазик е испишан натпис „Република Македонија“. ОпачинаГлавната содржина на опачината е портрет од Свети Кирил и Свети Методиј, а над нив се претставени нивните имиња во сребрен натпис „Св. Методиј“ на левата страна и „Св. Кирил“ на десната страна со кирилско писмо на македонски јазик. Периметарот на опачината е затворен со украсни црти во златна боја. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia