Света Матрона Московска (кована пара)

Света Матрона Московска
Лице
Опачина
Поединости
Серија Икони на светци
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 31,1 г
Димензии 30 х 45 мм
Облик правоаголен
Издадена 2017
Цена 3.800 ден.


Света Матрона Московскакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2016 година.

Опис

Лице

На лицето, во горниот дел од монетата се прикажани Грбот на Република Македонија, натписот „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2017“, ознаката „Ag 925“ и масата на монетата „31.1 g“. Во средишниот дел од лицето е прикажан дел од Покровскиот манастир во Москва, каде што се наоѓаат моштите на Света Матрона Московска. Во заднината е прикажана контура на Манастирот. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.[1]

Опачина

На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажана слика на Света Матрона Московска, врз основа на делото од Покровскиот манастир во Москва. Околу средишната слика се прикажани златни украси. На долниот дел од монетата е испишано: „света блажена Матрона Московска“ на руски јазик.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „СВЕТА МАТРОНА МОСКОВСКА". Посетено на 8 јануари 2018.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya