Габриела Стојаноска-СтаноескаГабриела Стојаноска-Станоеска (1978, Прилеп) е македонска поетеса, драмска авторка, книжевна критичарка и есеистка. БиографијаГабриела Стојаноска-Станоеска дипломирала и магистрирала на Катедрата за oпшта и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.[1] Работи како професор по македонски јазик, а истовремено, таа е главна и одговорна уредничка на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“, во издание на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. ТворештвоСтојаноска-Станоеска пишува поезија, проза, драма, есеи и рецензии и објавува во повеќе печатени и електронски списанија. Застапена е со расказ во антологиите: Contemporary short story, BEST of Sarajevo Notebooks II., „Сто македонски раскази“ (Тренд, Феникс, Скопје), „Електролит 2007“ (Темплум, Скопје), „Приче за понети“ и „Најкраħе приче 2008“ (Алма, Белград), во малата антологија на современата македонска микрофикција „Летаат приказни“ (2019) и други. Исто така, три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2] БиблиографијаСтојаноска-Станоеска е авторка на следниве дела:[3]
Награди
Добитник е и на награди за раскази и песни на конкурсите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ – Гостивар, Мариовско-мегленски средби, „Маџирмаалски поетски бранувања“, на конкурсите за краток расказ на Организација на жените – Битола и НУБ „Св. Климент Охридски – Битола“ и други. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia