Голејца
Голејца (Голеишта или Голевишта; албански: Golovisht) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. ГеографијаСелото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, na 800-900 м југозападно од границата со Македонија, каде се наоѓа големиот свиок на Црн Дрим (по самата граница) и селата Трнаниќ и Бомово, Општина Дебар. На исток е селото Трбач, а на северозапад е Вичишта. ИсторијаСелото е споменато во Слепченскиот поменик и во поменикот на Mанастирот Матка во XVII век како Голевишта. Во XIX век Голевишта било македонско село во Дебарската Каза кое било во тек на албанизација, односно истиснување на македонското население. Во поменикот на Бигорскиот манастир се зачувани низа македонски имиња од Голејца како Огнен, Дроздо, Сорбин, Рајан, Стојко и други. Според Афанасиј Селишчев во 1870-тите и 1880-те селото сè уште било македонско.[1][2] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Голеишта (Goléichta) е село со 4 домаќинства сочинети од 8 жители Македонци-христијани и 5 жители Албанци-муслимани.[1][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото веќе било наполно албанско, заведувајќи 65 Арнати-муслимани.[4]
Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија. ИселеништвоСпоред истражувањата на Бранислав Русиќ објавени во 1954 г. во Баниште, Дебарско живеел родот Голеиштани (1 куќа) доселен од Голејца во 1885 г.[7] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia