Косовец

Косовец
Kosoveci
село
Косовец is located in Албанија
Косовец
Косовец
Координати: 41°28′59″N 20°25′43″E / 41.48306°N 20.42861°E / 41.48306; 20.42861
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Горица
Надм. вис.&10000000000000590000000590 м
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Косовец (албански: Kosoveci) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Денес е муслиманско, иако порано било со мешана вероисповед.

Географија

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на десниот брег на Окштунска Река. Има улога на северно маало на Љуболеш. Лежи источно од Стригичани, северозападно од Извор и североисточно од Голејца.

Историја

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Косач бил дел од Голема Река (Грика Маде) и претставувал чисто албанско село со 35 „Арнаути муслимани“.[1] Ова е грешка на К’нчов, бидејќи населението во најмала рака било етнички мешано.

Во 1940 г. Миленко Филиповиќ напишал дека Косовац е веќе чисто муслиманско село во Голо Брдо со околу 30 македонски и албански куќи.[2] Православните жители се иселиле во Дебар и дебарското село Баниште.

Во селото има остатоци од православна црква.[3]

Сè до 2015 г. селото било дел од Општина Горица.

Иселеништво

Според Филиповиќ, православниот род Јанковци во Мало Острени бил доселен од Косовец.[4]

Поврзано

Наводи

  1. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 260. ISBN 954430424X.
  2. Македонските нарекувајќи ги „српски“ во духот на големосрпската политика.
  3. Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 40.
  4. Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 37.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya