Себишта
Себишта или Себиште (дијалектно: Себишча; албански: Sebisht) — село во општината Либражд на Елбасанската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед.[1] ГеографијаСелото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Лежи западно од Моглица и југоисточно од Големо Окштун. ИсторијаСелото првично се наоѓало помеѓу Забзун и Окштун, но жителите не можеле да опстанат, па половината од нив го преосновале селото на денешното место. Од останатите, една четвртина се преселиле во Забзун, а другата четвртина во Превал.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Себишта живееле 760 Македонци, од кои 360 биле христијани, а 400 биле муслимани (торбеши).[3][4] По податоци на Бугарската егзархија, на крајот од XIX век православното население во Себишта се состоело од 45 куќи со 180 жители. На почетокот од XX век во Себишта се наложила бугарската пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Себишта имало 328 Македонци-христијани и во селото работело бугарско училиште.[3][5] Според статистиката на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Себишта имало 94 куќи, од кои 35 биле православни, а 59 биле торбешки.[6] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Себишта имало 45 православни куќи со 180 жители христијани, и во селото работеле црква и училиште.[7] Во 1913 г. како последица од Балканските војни Себишта влегло во границите на новодсоздадена Албанија. При албанските немири од септември 1913 г. во Македонија пребегале 40 куќи, кои заедно со други бегалци од Албанија се сместени во селата Бомово, Коњари и Селокуќи. Себишките качаци, браќата Јусуф и Али, запалиле 13 куќи и убиле 12 жители. Двајцата подоцна станале намесни управници во с. Клење[8] Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во август 1930 г. Себишта имало 50 торбешки куќи.[9] Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Стеблево. ДемографијаРодовиСебишта е старо село во кое живеело македонско население од православна вероисповед, и торбешко (македонско-муслиманско) население. Порано селото Себишта се наоѓало во месноста Старо Село кое се наоѓало на пола пат од Елбасан за Дебар. Од таму во селото на денешната местополжба го основале следните родови: Поповци, Дреовци, Чалаковци, Пеповци, Прендовци, Свиларовци, Ѓиновци, Караѓиновци и др. Муслимански родови се/биле: Чалаковци, Дукинци, Баловци, Дреовци и др. Сите они биле гранки од православните македонски родови. Единствено родот Аловци потекнувал од предок Албанец кој дошол од местото Миза кај Скадар.[2] ЗнаменитостиИселеништвоОд ова село било често иселувањето на православното население, но исто така и на муслиманското. Од родот Чалаковци иселеници има во Кукуш, Солун и во Бока Которска во Црна Гора. Од родот Думановци имало иселеници во Атина во Грција каде ги нарекувале „Дусманис“, од кои еден член бил министер на морнарницата, исто така иселеници имало и во селото Бороец (Никола Младеновиќ). Од Караѓиновци иселеници имало во Улцињ, а после Првата светска војна и во Скопје, каде се проценува дека до 1940 година имало преку 10 семејства од разни родови од селото.[2] Од муслиманите иселеници имало во Солун, од кои според кажувањата на месните жители потекнувал Мустафа Кемал Ататурк. За време на бугарската окупација од 1918 година, Бугарите многу муслимани отерале преку Дунав (зошто биле качаци). После тоа еден дел од нив се вратиле во селото, а другиот се населил во Гостивар и Скопје (во денешна Општина Гази Баба).[2] Личности
ПоврзаноНадворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia