Вичишта (Албанија)Оваа статија се однесува на село во Голо Брдо, Албанија. За истоименото село во Егејска Македонија, погл. Вичишта (Костурско).
Вичишта — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Географија![]() Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. На 1,4 километри североисточно од главното село (наречено и Горно Вичишта) се наоѓа маалото Долно Вичишта. Главната населба е сместена на еден километар западно од границата со Македонија, каде од другата страна е големиот свиок на Црн Дрим, a над него е селото Бомово. На југоисток од неа лежи селото Голејца. Маалото Долно Вичишта е сместено крај следниот свиок на реката, на самата граница и неколку стотини метри северозападно од Бомово. ИсторијаСелото за првпат е споменато во Слепченскиот поменик од XVI век како Bïчища. Подоцна во Трескавичкиот поменик од XVII век е забележано како Вчишта. Во поменикот на Бигорскиот манастир се зачувани низа македонски имиња од Вичишта како Јадро, Богдан, Волкуш, Трпко, Митре и други. Во селото до 1940-тите години имало христијански гробишта, а порано во селото постоела и црква „Св. Архангел“, заедничка за селата Вичишта, Голејца и Радоешта. Томо Смилјаниќ - Брадина наведува дека дел од иконите од оваа црква биле пренесени во дебарската катедрална црква „Успение на Пресвета Богородица“.[1] Според Афанасиј Селишчев во 1870-тите и 1880-те селото сè уште било македонско.[2][3]
Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:
Во 1909 г. Серафим Србиновски од Вичишта, кој живеел во Романија, ѝ порадил 40 лева на катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар.[6] Истата година војската го нападнала селото и ја запалила куќата на Азис Џека, а во судирот загинале 20 војници. На 3 октомври Џека е обесен.[7] По Првата балканска војна во 1912 година селото влегло во состав на Албанија. Во истражувањето на Миленко Филиповиќ од 1935 година за книгата за Голо Брдо, запишал дека селото е албанско со околу 20 куќи.[1] НаселениеВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Вирчишта (Virtchichta) имало 15 домаќинства сочинети од 19 Македонци-христијани и 22 Албанци-муслимани.[2][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото веќе било наполно албанско, заведувајќи 130 Арнаути муслимани.[9] РодовиСпоред истражувањата од 1935 година, фисови во селото биле:[1] Цамовци по потекло од Топољани и Џековци од Зога. Самоуправа и политикаВо XIX век Вичишта било македонско село во Дебарската каза, кое било во тек на албанизација, односно истиснување на македонското население. Сè до 2015 година селото било во состав на Општина Горица. Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia