Којовец
Којовец или Којовци (албански: Kojavec или Kojaveci) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани, а порано било со мешана вероисповед. ГеографијаСелото е сместено во македонската област Голо Брдо. Лежи во поречието на Окштунска Река, југоисточно од Смолник и северно од Лешничани. На североисток се наоѓа горското подрачје Рамна Гора. ИсторијаВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Којувци (Coiuvtzi) било село со 20 домаќинства сочинети од 14 Македонци-муслимани (торбеши).[1][2] По Првата балканска војна во 1912 г. Којовец влегол во состав на Албанија. Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени. ИселеништвоСпоред истражувањата направени во XX век, родови од Којовец има во следниве населени места:
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia