Смолник
Смолник или Смолница (албански: Smollik) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани, но порано било со мешана вероисповед.[1] ГеографијаСелото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Има Горно и Долно Маало, распоредени недалеку од левиот брег на Трновска Река, притока на Окштунска Река. На исток, преку второспоменатата река лежи Којовец, а на северозапад се издига планината Гулабица. ИсторијаВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Смолница (Smolnitza) било село со 15 домаќинства сочинети од 33 жители торбеши.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Смолник е поставен во областа Голема Река (Грика Маде) и брои 100 жители.[3] По Првата балканска војна во 1912 г. Смолник влегол во новосоздадена Албанија. Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Смолница се води како село со 70 куќи на Македонци-муслимани.[4][5] Податоците на албанското МВР од 1935 г. говорат дека Смолник имало 49 македонски куќи со вкупно 242 жители, сите муслимани.[6] Според податок на М. Филиповиќ објавен во 1940 г. селото имало околу 20 куќи на торбеши, иако до неаодамна имало и православни, споменувајќи извесен Тодор во 1922 г. Покрај македонскиот, во Смолник бил застапен и албанскиот јазик.[1] Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Зрклени. ДемографијаЗнаменитостиЛичностиПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia