Долен Чернец
Долен Чернец или Долно Черенци (албански: Çerenic i Poshtëm) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. ГеографијаСелото се наоѓа во областа Мала Река, дел од поголемата македонска област Голо Брдо. Сместено е во нспоредна близина на границата со Македонија. ИсторијаСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Черепецъ е дел од Грика Вогел (Мала Река) и во него живеат 230 Арнаути муслимани.[1] По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија. Во 1940 г. Миленко Филиповиќ напишал дека Чернец е албанско село со 30 куќи, дел од областа Голо Брдо.[2] Според податоците, Черенец долго било едно село со две маала, а нивната формална поделба се случила во поново време. До 2015 г. било дел од тогашната Општина Горица. ИселеништвоСемејството Кочи од Чернец се преселило во горнодебарското село Селокуќи во Македонија во 1941 г.[3] Не е укажано дали биле од Горен или Долен Чернец. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia