Српетово
Српетово (албански: Serpetovë или Serpetova) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани.[1] ГеографијаСелото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на околу 1,4 км западно од границата со Македонија која оди по реката Мирешница . Лежи јужно од Трбач и северно од Пасинки. Во селото се познати низа топоними како Целина, Драка, Лисичина Дупка, Мореш и др.[2] ИсторијаСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Српетово имало 120 жители, сите Македонци-муслимани.[3][4] По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија. Според сознание на Миленко Филиповиќ објавено во 1940 г. Српетово имало околу 150 жители.[5] Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени. ДемографијаРодовиСпоред истражување од 1940 г. најистакнат род во селото биле Чамовци, кој имал ограноци и во Вичиште, Дебар, Голејца со вкупно 60-70 куќи.[5] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia