Мало Острени
Мало Острени (албански: Ostren i Vogël) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед.[1] ГеографијаСелото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Лежи на 1,5 км југозападно од границата со Македонија, каде од другата страна е селото Отишани, Општина Дебар. На запад е Големо Острени, а на слично растојание на север е Тучепи. Крај селото во северен правец минува Остренски Поток по кој понасевер оди по државната граница и го добива името Мирешница пред да се влее во Црн Дрим кај Миреши. ИсторијаВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мало Острење (Malo Ostrénié) било село од 90 домаќинства со 155 жители Македонци-муслимани (торбеши) и 103 Македонци-христијани.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Мало Острени живееле 78 Македонци-христијани и 400 Македонци-муслимани.[2][4] Второспоменатите биле во процес на албанизација:
Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:
Според статистика на весникот во 1911 г. во Мало и Големо Острени имало 14 македонски христијански куќи под врховенството на Бугарската егзархија и 230 торбешки куќи.[2][7] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Малестрани имало 12 македонски христијански куќи со 69 жители.[8] По податоци на егзархијата на крајот од XIX век во Мало Острене имало 12 православни куќи со 69 жители Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Мало Острени (Malo-Ostreni) имало 120 жители (христијани) под егзархијата.[2][9] Во АлбанијаПо Првата балканска војна селото влегло во состав на Албанија. Во отчет на Павел Христов, главен деец на бугарската просвета во Албанија, и Глигор Ошавков од 28 јануари 1914 г. Малострени имало 17 православни македонски куќи.[2][10] Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Мало Острени се води како село со 100 куќи, од кои дел се православни Македонци, а останатите се торбеши.[2][11] Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени. РодовиСпоред Миленко Филиповиќ, православниот род Јанковци во Мало Острени бил доселен од Косовец.[12] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia