Долна Горица (Дебар)Оваа статија се однесува на село во Дебарската област. За селото во Мала Преспа, погл. Долна Горица.
Горна Горица (албански: Gjoricë e Poshtëme) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. ГеографијаСелото е сместено во историско-географската област Долни Дебар, на левиот брег на Црн Дрим. Понекогаш селото се вбројува во областа Голо Брдо.[1] На неколку стотини метри источно е државната граница со Македонија, каде од другата страна е селото Спас. ИсторијаАлбанизацијата на Горица (Долна и Горна) почнала порано отколку во другите места и со време македонското население било истиснато и/или асимилирано од албански доселеници од други места. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Горица било дел од областа Мала Река (Грика Вогел) и во неа живееле 90 лица Арнаути муслимани.[2] На почетокот на XXI век јазичарите Клаус Штајнке и Џелал Јули спровеле теренско испитување со цел да ја проверат тековноста на постарите извори за македонојазичните („словенојазични“) села во Албанија. Ја посетиле Горица, и на тоа подрачје не откриле словенојазични жители ни по извршените подробни интервјуа со мештаните.[3] Во 1940 г. Миленко Филиповиќ напишал дека Горица е големо албанско село од околу 130 куќи и го врбојува во областа Голо Брдо. Околу 50 куќи образуваат голема населба, а останатите се поставени наоколу во групи насобрани околу поединечни одбранбени кули. Според него, сите жители на селото тогаш биле преселници од Зоѓај, Хомеш и Зрклени.[1] Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Горица. Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia