На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Заборје е претставено како чисто македонско село в Дебарската каза на Дебарскиот санџак со 10 куќи.[4]
Радоешта од 25 македонски куќи запоседнато е сега од Тољовци, од кои најпрочуен грабач е Таир Тоља, и тие се од селото Горица (Малесија). Од истите е запоседнато и соседното село Заборје. Од овие две села Македонците се иселени претежно во градот Солун.[1][6]
“
По Првата балканска војна во 1912 г. Заборје влегло во состав на новосоздадената Албанија.
До 2015 г. подрачјето на селото било на територијата на Општина Острени.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 172–173. ISBN954-8187-21-3.