Горно Сливени
Горно Сливени — поранешно македонско село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.[1] ГеографијаСелото се наоѓало во денешниот атар на селото Д’мбени.[1] ИсторијаВо XV век Горно Сливени е спомнато со 10 глави на семејства и еден ерген: Леко, Михо, Јорг, Спасе, Стајо, Лекос, Томчо, Добро, Маврангел, Филип и свештеникот Андон. Плаќале вкупно 670 акчиња данок.[2] Горно Сливени било мало село напуштено во немирното време на крајот од XVIII век при судирот на Али-паша Јанински и други албански феудалци со централната власт. Во ова време во селото надошле Албанци, завладеале со него и ги протерале македонските жители.[3][4] Дел од жителите го основале селото Д’мбени, каде голем дел од нив пребегнале, заедно со жителите на селата Берик, Сајново, Баница и Света Петка за да можат заедно подобро да се одбранат.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia