Чрчишта (Костурско)Оваа статија се однесува на село во Костурско. За истоименото село во Населичко, погл. Чрчишта (Населичко).
Чрчишта (дијалектно: Чрчишча; грчки: Τσάρτσιστα, Царциста) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција. ИсторијаСпоред Тодор Симовски, Чрчишта било македонско село кое се запустило во урнатини.[1] Според еден грчки извор, некаде пред 1912 г. Чрчишта било село со околу 80 Албанци муслимани.[2] Георги Константинов Бистрицки за истиот период дава податок дека Чрчишта било чифлик со 2 албански муслимански куќи,[3] што е веројатно поточно, односно дека останатите биле работници на чифликот создаден на местото на напуштеното село. По Првата балканска војна селото е припоено кон Грција. Во 1920-те државата довела грчки доселеници од Мала Азија. Во 1928 г. Чрчишта имало 52 жители (56 според Симовски)[1], од кои 32 биле малоазиски Грци, а 20 Албанци муслимани. По податок од 1932 г. селото имало 3 туѓојазични семејства. На пописот во 1940 г. се забележани 47 жители,[1] а пет години подоцна населението се зголемило на 54.[2] По 1950 г. жителите постепено почнале да се преселуваат во соседното Добролишта, а во помала мера и берското село Микрогуш.[2] Атарот на Чрчишта потоа е присоединет кон селото Добролишта. СтопанствоНа местото на селото има два склада за зрна, две куќи и кожарско претпријатие.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia