Желогоже
Желогоже или Желегоже (грчки: Πεντάβρυσο, Пендаврисо, до 1928 г. Ζελιγκόσδη, Зелигосди)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 17 километри југозападно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во Костурската котлина во близина на десниот брег на реката Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 780 метри. ИсторијаВо 1999 година во селото бил откриен надгробен релјеф на жена од 4 век п.н.е. Ова откритие се смета за едно од најдобрите кои биле откриени на територијата на Егејска Македонија[3]. Во XV век во Желогоже биле евидентирани 95 глави на домаќинства[4]. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век селото е споменато со 41 глави на семејства и четворица неженети: Добри, Атанас, Михо, Дорин, Славе, Манко, Никола, Мано, Стајо, Јорг, Никола, Којос, Дабижив, Јорг, Мано, Алекса, Тодор, Димитри, Стајка, Петро, Михо, Михал, Продан, Николас, Димо, Димо, Јорг, Јано, Стајо, Радослав, Герг, Гордан, Бесран, Црвенко, Димо, Дојчин, Димо, Михо, Дијак, Коста и Папа Тодор. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 3.350 акчиња[5]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Желогоже имало 550 македонски муслимани и 330 жители Македонци[6][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 152 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, 160 македонски патријаршисти и 18 Власи, додека работеле две училишта, грчко и бугарско[6][8]. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Желегоже се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 217 куќи.[9] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 500 Грци и 1000 Турци[10]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 македонски и 200 турски куќи[11], а според Георги Христов и 2 влашки куќи.[12] Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[13]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 718 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 705 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Пендаврисо.[14]. Според едни извори, нивниот број изнесувал 378 во 1928 година[10], додека според други 105 семејства со 358 лица[15] . Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[16], по кое било предадено на бугарските сили. На 28 април 1943 година селото било нападнато од силите на ЕЛАС. Во овој напад селото било опожарено, а жителите биле принудени да побегнат кон Костур. Во следниот период селото исто така било нападнато од страна на грчки бегалци и италијанските сили[16]. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Жителите на селото застанале на страната на ДАГ. 35 деца од селото биле протерани како деца бегалци[17] ДемографијаВо 1928 година селото броело 597 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 888 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 645 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 616 жители, во 1971 година имало 550 жители, во 1981 година имало 632 жители, додека во 1991 година имало 759 жители[18]. Денеска, населението на селото е 662 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia