Фотиништа
Фотиништа (дијалектно: Фотинишча; грчки: Φωτεινή, Фотини; до 1926 г. Φωτίνιστα, Фотиниста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 10 км источно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 650 метри. ИсторијаВо текот на XV век, селото имало 77 глави на семејства[3]. Првото споменување на селото е од 1445 година под името Хутуништа. Во документи од 1530, 1545 и 1564 година е Хотуништа, додека во 1568 година како Хотоништа. Во селото во 1800 г. била изградена црквата „Св. Мина“[4]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Фотиништа,се состоело од 30 семејства со 100 жители Македонци[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Фотиништа имало 250 жители Македонци[5][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Македонци под врховенството на Цариградскста патријаршија и работело патријаршиско училиште[5][8]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 2 македонски семејства[9]. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Фотиништа се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 15 куќи.[10] Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[11]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 29 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Фотини.[12] Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 11 деца од селото биле протерани како деца бегалци[13] ДемографијаВо 1928 година селото броело 119 жители.[14], додека во 1940 година селото броело 210 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 184жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 206 жители, во 1971 година имало 186 жители, во 1981 година имало 171 жител, додека во 1991 година имало 194 жители[15]. Денеска, населението на селото е 184 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia