Горна Статица
Горна Статица (грчки: Άνω Μελάς, Ано Мелас) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и до денес е населено исклучиво со Македонци.[2] ГеографијаСтатица е најсеверното село во општината и лежи на неколку километри северно од Статица, а на околу 30 км северно од градот Костур. Селото Корешта е 15 км на североисток. Сместено е во областа Корешта, во длабока клисура меѓу разграноците на Вич наречени Лисец, Голината и Лунџер.[2] Низ Горна Статица тече реката Бистрица. ИсторијаПо Балканските војни селото е припоено кон Грција. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Горна Статица имало 60 куќи на словени (Македонци) христијани.[3] Сè до 1940 г. Горна Статица било маало на Статица и сите податоци се однесуваат на двете села.[2] Црквата „Св. Спиридон“ е од XIX век. Селото доста пострадало во Граѓанската војна (1946 - 1949). Дел од жителите загинале, а доста семејства и малолетни деца се преселиле во НР Македонија и источноевропските земји.[2] Горна статица сепак останува целосно македонска населба. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia