Стар Чифлик
Стар Чифлик (грчки: Παλαιό Τσιφλίκι) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало околу 2 км од северниот брег на Костурското Езеро, јужно од селото Сетома.[1] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСпоред податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 20 домаќинства со 90 жители Македонци.[2] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во селото Стар Чифлик имало 60 жители, сите Македонци.[3][4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Стар Чифлик имало 144 Македонци под патријаршијата.[5][4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стар-Чифлик се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 10 куќи.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 8 жители.[1] Во 1920 г. селото е запишано со 7 жители. Поради малобројноста на жителите, во натамошните пописи како населба не се споменува.[1] Културни и природни знаменитостиЦркви
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia