Долна Лобаница
Долна Лобаница — поранешно македонско село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.[1] ГеографијаСелото се наоѓало на околу 5 км југозападно од поранешното село Лобаница и на 2 км источно од селото Трстеник преку границата со Албанија.[1] Долна Лобаница било традиционално маало на костурското село Лобаница заедно со Горна Лобаница. Урнатините на селото се наоѓаат во непосредна близина на грчко-албанската граница и на албанска територија.[1] ИсторијаСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горна Лабаница имала 535, а Долна — 20 жители Македонци.[2][3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долна Лабаница е означено како чисто македонско село во Горичката каза на Горичкиот санџак со 5 куќи.[4] Селото Долна Лобаница е напуштено во немирното време по задушувањето на Илинденското востание во 1903 г.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia