На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Татеши (Горно и Долно) е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.[5]
Селото броело 633 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 869 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 1.148 жители, од кои: 1 Македонец, 1.144 Албанци, 1 Влав и 2 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 619 жители, од кои 1 Македонец, 601 Албанец, 1 Турчин, 1 останат и 15 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Родови во селото се: Тела, Ава, Таири, Џелка, Мерсими, Шабани, Диша, Арслани, Брава и Селмани. Просечно секој род има по 10 куќи. Сите родови потекнуваат од двајца браќа (Диша и Али) кои се доселиле околу 1830та година од селото Слатино, Голо Брдо. Нивниот трет брат тогаш се населил во селото Долно Татеши.[12]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“