На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Татеши (Горно и Долно) е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 699 жители, од кои 697 Албанци и 2 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 351 жител, од кои 1 Македонец, 349 Албанци и 1 лице без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Родови во селото се: Рамани, Дика, Беќири, Азизи, Ферати, Суља, Ризвани и Алими. Сите родови заедно имаат 58 куќи). Намножени се од ист предок Азиз кој се доселил од селото Слатино, Голо Брдо (Албанија); Тоски (3 к.) доселени се од соседното планинско село Тоска, таму се доселени од селото Велчани во јужна Албанија.[12]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“