На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мороишта е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 909 жители, од кои 903 Македонци, 2 Власи и 4 Срби.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 881 жител, од кои 807 Македонци, 1 Албанец, 2 Власи, 2 Срби и 69 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Мороишта е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, во селото има постари доселенички родови, и понови.
Постари доселенички родови се: Иљовци (30 к.) се делат на Јановци, Клечкаровци и Лазаревци. Доселени се од селото Љубаништа, го знаат следното родословие: Климе (жив на 70 г. во 1980 година) Наум-Ристе-Јон-Иљо кој се доселил; Матлиовци (30 к.), доселени се после родот Иљовци, доселени се од некое село во областа Мат во Албанија; Малевци (10 к.) доселени се од некое село во Малесија; Бунчевци (4 к.), доселени се од соседното село Мислешево; Павлевци (8 к.) доселени се од соседното село Биџево; Прежевци или Анѓелевци (6 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Горенци; Араповци или Костевци (3 к.) имаат исто потекло како и Павлевци; Карамачовци (16 к.), Даљчевци (5 к.), Маџаровци (3 к.) и Ѓоршулевци (8 к.) доселеници се со непозната старина. Родот Маџаровци е најстар во селото.
Помлади доселеници: Брчевци (8 к.), Ташморуништанци (5 к.), Нережанци (5 к.), Модричанци (4 к.), Локовчанци (2 к.) и Пискупштинци (2 к.) ги носат имињата на селата од кои се доселени, тоа се Брчево, Ташмаруништа, Нерези, Модрич, Локов и Пискупштина.[12]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Староседелци:Сарџиновци (1 к.)
Доселеници:Кротевци или Пржевци (2 к.) доселени се во 1830 година од селото Враништа. Таму имале роднини; Клечкаровци (19 к.) доселени се од селото Љубаништа кај Охрид; Маџаровци или Црвеновци (2 к.) доселени се во 1825 година од селото Црвена Вода во Дебрца; Малевци (5 к.) доселени се после родот Клечкаровци од Дебарско; Карамачовци (9 к.) и они се доселени од Дебарско; Матлијовци (13 к.) доселени се од некое место кај Матија во Албанија; Ѓоршулевци (2 к.) доселени се од селото Мислешево; Пеќиновци (2 к.) доселени се од селото Биџево; Далчевци (1 к.) доселени се од селото Драслајца; Јосифовци (1 к.) доселени се од селото Горенци кај Охрид; Павлевци (5 к.) доселени се во 1905 година од селото Биџево; Бунчевци (2 к.) доселени се од селото Мислешево; Дуковци (1 к.) доселени се од селото Луково во Дебарски Дримкол; Трпчевци (2 к.) доселени се од селото Присовјани во Малесија; Марковци (1 к.) доселени се од селото Подгорци. Потекнуваат од домазет.[13]
Општествени установи
Манастир Свети Спас во Мороишта - осветен во 1997 година. Се наоѓа покрај реката Сатеска и е сместен помеѓу столетни дрвја. Еден од најубавите во струшката котлина.
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Секоја година во чест на празникот Вознесение Христово (Спасовден), во дворот на манастирот Свети Спас се организира вечерна забава со некој од македонските естрадни уметници.
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Од Малевци иселеници има во Струга (едно семејство од 1890 година) и во Драслајца (од 1870 година, како домазет).
Од Матлијевци иселеници има во Струга (едно семејство од 1888 година) и во САД (едно семејство од 1910 година)
Од Далчевци иселеници има во Белград (едно семејство од 1920 година).[13]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“