Мислешево
Мислешево — село во Општина Струга, во непосредна близина на градот Струга. Поради близината на својот град, се смета и за негово предградие. Географија и местоположбаСелото е распослано во наносната рамнина на охридскиот басен, што се простира околу Струга. Тоа е најблиското село до градот Струга и се наоѓа на околу 2 км североисточно од него. Отсекогаш било, а и денес е, едно од најголемите села во Струшкото Поле. Се наоѓа во струшката котлина, на десната, источна, страна на реката Црн Дрим, на околу 700 метри надморска височина. Неговиот атар на север се граничи со атарот на селото Мороишта, на североисток со атарот на селото Волино, на исток со атарите на селата Требеништа, Горенци и Оровник, на југ со Охридското Езеро, на северозапад со градот Струга и на запад со реката Црн Дрим. Неговата катастарска плоштина зафаќа простор од 1318 хектари. Во атарот на селото Мислешево, како поголеми и попознати, се сретнуваат следните месности: Рибница, Бјоларница, Крбла, Пералиште, Требенишки Мост, Волински Пат, Мороишки Пат, Мороишка Топола, Кошара, Стара Пруга, Влак, Темни Јаз, Доганџица, Бостаниште, Шаркиница, Поливада, Вишевско Блато, Пашиница, Градски Пат, Маторник, Шемоска Ограда, Бранејнца, Барски Ливаѓе, како и некои помали микротопоними, со локално маалско или семејно значење. ИсторијаОд каде дошло името на селото Мислешево е доста тешко да се утврди. За тоа постојат доста преданија, меѓу кои се прикажува и една мала анегдота за името на селото, во која се вели дека неговите жители се думале какво име да му дадат на селото. Долго и долго мислеле, мислеле... и на крајот му го дале името „Мислешо“ или „Мишлешо“, како што се нарекувало и нарекува во народниот говор. Според некои извори името е од словенско потекло и спаѓа во групата лични имиња, а е изведено од зборот „мисл“. Во средниот век се споменува „стас“ – полски имот во село Мислешево, кој кралот Душан (1342-45 г.) со своја даровница, му го дарувал на манастирот „Света Богородица Перивлепта“, денешен „Свети Климент“ во Охрид. Во минатото околу селото се протегало познатото струшко блато, што го предизвикувале поплави, кои биле присутни во доцните есенски, зимски и раните пролетни месеци, предизвикувани од излевањето на езерото и реките Црн Дрим и Сатеска. Тогаш низ селото се одело исклучиво со чизми, односно „скорни“, како што тука се нарекуваат, или пак со кукалки, за што мислешевци биле добри мајстори. Но, затоа пак, полето било многу плодородно. СтопанствоКако приградска населба на градот Струга и големо село во Струшкото поле, кое е сместено а важен автомобилски пат, Мислешево е економски многу развиено село. Голем е бројот на луксузни куќи за живеење, а скоро секое семејство има свој луксузен патнички автомобил. Земјоделската механизација, составена од трактори, комбајни, косачки, балирки и слични механизирани орудија, претставува неоделив дел од секое замјоделско семејство. Со тоа животот е многу олеснет, земјоделското и сточарското производство многу зголемени, а селото се претвори во вистинска приградска населба. Поради поволните услови од земјоделството најзастапено е одгледувањето на жита, односно пченица и особено пченка, градинарски култури како домати од познатата сорта „воловско срце“, пиперки, кромид, зелка, овоштарство односно одгледување на познатите цреши, јаболка, сливи, круши. Од сточарството се застапени одгледувањето на крави и овци. Во Мислешево денес, мошне успешно, работат неколку индустриски капацитети, производствени погони и стоваришта за граежни материјали, печатници, три салони за мебел, автосервиси, локали за забавен живот на младите, сместувачки капацитети за туристи, трговски и други приватни претпријатија. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мислешево имало 700 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мислешево имало 504 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мислешево е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 62 куќи.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[5] Селото броело 1.213 жители во 1961 година, додека во 1994 година имало 3.246 жители, од кои 2.668 се Македонци. Мислешево е големо село и според својата местоположба всушност претставува предградие на Струга бидејќи по пат на конурбација и доселување на голем број луѓе во населбата Мислешевски Пат веќе е споена со градот Струга. Согласно пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.507 жители, од кои 2.791 Македонец, 28 Турци, 13 Роми, 527 Албанци, 66 Власи, 15 Срби и 67 останати.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.969 жители, од кои 2.195 Македонци, 368 Албанци, 50 Турци, 26 Роми, 38 Власи, 7 Срби, 3 Бошњаци, 182 останати и 100 лица без податоци.[7] На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
РодовиСелото Мислешево, отсекогаш било населено исклучиво со Македонци од православна христијанска вероисповед, кои и во денешно време претставуваат најдоминатно мнозинство во населеното место во кое како жители се водат и лица од други националности, кои всушност живеат во струшката приградска населба Мислешевски Пат, која административно се води како дел од Мислешево. Во етнографските истражувања се забележани следните родови, кои може да се поделат во староседелци, постари доселеници и поновои доселеници.
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Општествени установиВо Мислешево работи осумгодшно основно училиште, а има и 3 православни христијански цркви. Во селото има и Василичарско друштво кое за Василица организира караневал и работи КУД „Мислешево“.
Самоуправа и политикаКултурни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиЛичности родени во Мислешево:
Култура и спорт
ИселеништвоОд родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia