Мали Влај
Мали Влај — село во Општина Струга, во околината на градот Струга. Географија и местоположба![]() Селото Мали Влај се наоѓа на околу 10 километри јужно од Струга, во планинскиот подгор на Јабланица, на надморска височина од 1.050 м. Во непосредна близина на селото се наоѓа македонско-албанската граница и граничниот премин Ќафасан. СтопанствоНаселение
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мали Влај живееле 165 жители, Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мали Влај имало 192 Македонци, патријаршисти.[3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чучук Лај (Влај) е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 71 жител, сите Македонци.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 11 Македонци и 9 лица без податоци.[7] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМали Влај е македонско село. Родови во селото се: Вранишковци (20 к.), Наумовци (17 к.), Трајковци (6 к.), Матевци (7 к.) и Лошковци (3 к.) за сите рода се говори дека се доселиле од селото Ермас на планината Мокра (денес во Албанија). Во родот Вранишковци се знае следното родословие: Коле (жив на 60 г. во 1980 година) Србин-Јован-Анѓеле-Коле-Ниче, кој се доселил во селото. Родовското име го добиле по некоја жена која била мажена во селото од с. Враништа. Во родот Наумовци се знае следното родословие: Србин (жив на 72 г. во 1980 година) Ванѓел-Трифун-Коте-Наум, кој се доселил во селото. Во родот Трајковци се знае следното родословие: Србин (жив на 68 г. во 1980 година) Анѓеле-Јане-Богдан-Трајко, основачот на родот. Во родот Матевци се знае следното родословие: Милан (жив на 71 г. во 1980 година) Мате-Петруш-Ристе-Мате, основачот на родот кој се доселил; Марковци (1 к.) потекнуваат од предокот Марко Герман кој се доселил пред 1912 година како слуга кај Лошковци, а дошол од селото Пројте Сиперма кај Љушње во Албанија.[12] Општествени установиСамоуправа и политикаКултурни и природни знаменитости![]()
Редовни настаниВодици или на популарно влашански „Свети Јан“ е еден од поголемите верски празници во Мали Влај со најтрадиционални обичаи. ЛичностиКултура и спортИселеништвоСелото дало голем број на иселеници. До 1979 година иселеници од селото има во Струга (20 семејства), Битола (15 семејства), Белград (10 семејства), Охрид (7 семејства) и во Скопје (6 семејства). Иселеништвото продолжило и потоа, што може да се забележи по големиот пад на населението.[12] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia