Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 29 христијански[2] и 15 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 89 мажи христијани, со 7 новороденчиња и 64 мажи муслимани со 2 новороденчиња. Исто така биле забележани и 6 мажи муслимани со своите смејства како тазе доселени во Нерези. Се проценува дека селото во тој период имало 336 жители.
Градиште — градиште со некропола од доцноантичкото време. На 1 км источно од селото, на северните падини на Водно, на издадена карпеста чука со зарамнет врв во форма на триаголник и со димензии од 110 × 105 м се гледаат остатоци од одбранбен бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината на градиштето се гледаат темели од повеќе објекти и множество градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и монети. На северозападното подножје, при обработувањето на земјата се откриени повеќе гробови градени од камени плочи.
Св. Пантелејмон — осамен наод од римското време. Во 1967 година, при изведувањето на конзерваторските работи во манастирот, во подот под централната купола на манастирската црква е откриен надгробен споменик од бел мермер со латински натпис. Споменикот е вратен на истото место, со натписот свртен надолу.
Стопанство
Куќи во Македонското етно село во Горно Нерези
Населението главно се занимава со сточарство и полјоделство.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
1.041
—
1953
1.044
+0.3%
1961
229
−78.1%
1971
—
—
1981
—
—
Година
Нас.
±%
1991
—
—
1994
—
—
2002
314
—
2021
181
−42.4%
Во Горно Нерези живеат 314 жители, од кои: 22 Македонци, 282 Албанци, 6 Турци, 1 Влав и 3 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 181 жител, од кои 51 Македонец, 112 Албанци, 5 Турци, 1 Влав, 6 Бошњаци, 5 останати и 1 лице без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.114-116.
↑Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“