Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 9 христијански[2] и 4 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 18 мажи христијани, со 2 новороденчиња и 11 мажи муслимани со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 64 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]
Според пописот од 2002, селото брои 454 жители, од кои: 444 Македонци, 9 Срби и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 540 жители, од кои 455 Македонци, 4 Албанци, 46 Роми, 13 Срби, 1 останат и 21 лице без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1950-тите, родови во селото се:
Мирчевци (6 к.) доселени се од селото Копаница, Полошко. Во споменатото село пред околу 220 години живееле двајца браќа и една сестра, нивната сестра за жена сакал да ја земе некој Албанец, но браќата не ја давале и го убиле Албанецот, и едниот брат побегнал во селото Брезно, а вториот најпрво во селото Кучково, потоа прешол во селото Орман, па од таму во Горно Оризари. Го знаат следното родословие: Димитрија (жив на 90 г. во 1950-тите) Миајле-Јован-Трајко, предокот кој се доселил во селото; Таневци (8 к.) доселени се од некое албанско село во околината на Витина, Косово. Го знаат следното родословие: Павле (жив на 70 г. во 1950-тите) Петре-Тане-Стевко, предокот кој се доселил, нив во местото на старина ги истерале доселените Албанци; Станковци (4 к.) доселени се од истото место како и претходниот род, го знаат следното родословие: Стојан (жив на 55 г. во 1950-тите) Станко-Велко-Станко, основачот на родот; Кусо-Митревци (1 к.) отсекогаш имале една куќа, местото на старина како кај претхидните два рода, го знаат следното родословие: Славе (жив на 35 г. во 1950-тите) Никола-Петре-Митре, основачот на родот; Каскаровци (2 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Мирковци, Скопска Црна Гора. Подалечно потекло имаат од селото Блаце, Кај Качаник. Го знаат следното родословие: Александар (жив на 30 г. во 1950-тите) Божин-Нешо-Петре, кој се иселил од Блаце.[12]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.